Connect with us

Фудбал

Ракитиќ сака да го одработи договорот со Барса до карј

Иван Ракитиќ нема намера да ја напушти Барселона летово.

Иако се зборува многу за тоа, Ракитиќ потврди за германските медиуми дека е фокусиран само на Барса.

„Јас имам договор со Барса до летото 2021 година. Кога ќе потпишам нешто, тогаш се обидувам да го почитувам тоа до крај“, беше јасен Хрватот.

„Во моментов среќен сум во Барселона. Ако не можам да го завршам договорот поради некоја причина, тогаш ќе седнеме и ќе разговараме“, додаде тој.

Хрватскиот фудбалер има голем број понуди на маса. Јувентус, Интер, Севиља, Атлетико Мадрид го сакаат, но засега нема конкретни потези.

Ракитиќ одигра 299 натпревари за Барселона и постигна 35 гола, а освои дури 13 трофеи со Каталонците.