Фудбал
Ракитиќ сонува да се врати во Севилја, во тој случај би носел посебен број на дресот
Фудбалерот на хрватската репрезентација Иван Ракитиќ очигледно ќе ја напушти Барселона ова лето.
Каталонскиот клуб имаше намера да го продаде Ракитиќ пред почетокот на оваа сезона, но тој одби. Тој дури некое време беше надвор од тимот, но успеа да се врати во првиот тим.
Ракитиќ честопати вели дека неговата намера е да остане во Барселона некое време и дека нема желба да оди никаде надвор од Шпанија. Барса се обидува да го вклучи во трансферот на Лаутаро Мартинез или Миралем Пјаниќ, но хрватскиот играч од средниот ред е против тоа.
Иако скоро секогаш вели дека неговата желба е да остане во Барселона се чини дека прави се за да ги испровоцира лидерите и навивачите на овој клуб. Неговата последна изјава не ја сакаа навивачите на Блауграна.
Имено, тој зборуваше за неговиот поранешен клуб Севиља и не е тајна дека тој сака да ја заврши кариерата во тој клуб. Сепак, она што ги испровоцира навивачите на Барса е неговата изјава дека тој го слави секој гол на Севиља како да е сеуште дел од клубот.
„Многу пати сум кажал дека би бил среќен да се вратам во Севилја. Ги следам како да сум сеуште овде. Ги славам сите нивни голови и ќе видиме што ќе се случи во иднина“, рече Рактиќ и додаде дека би сакал да го носи дресот со бројот десет ако се врати во Севилја во чест на неговиот пријател Жозе Антонио Рејес.
„Би било нешто навистина посебно ако е можно тоа да се случи. Јас би бил горд да му оддадам почит на еден пријател што многу го почитував“.