Ракомет
Ракометар на Рајн Некар е заразен од коронавирус
29-годишниот ракометари имал симптоми на грип по што му бил извршен тест и било откриено дека има коронавирус.
„Во постојан контакт сме со нашиот лекарски тим, здравственото оделение и властите, ќе направиме се што е во наша моќ да го успориме ширењето на вирусот. Свесни сме за своите обврски и одговорности во овој тежок момент. Здравјето на нашите ракометари и работници е наша примарна цел“, изјави генералната директорка на клубот, Левена Џенифер Катерман.