Connect with us

Ракомет

Ракометен преседан – ЕХФ ја остави Србија без СП

Кровната Европската ракометна федерација (ЕХФ) направи потег како никогаш досега во историјата.

Поради пандемијата на коронавирус, ЕХФ одлучи да не ги игра натпреварите од плејофот за Светско првенство во 2021 година во Египет.

Победниците на баражот беа решени врз основа на пласман на ранг-листата, па Србија го „загуби“ дуелот со Словенија.

Бидејќи Словенија се најде на 14. место во светот во однос на пласманите и Србија само на 27. место, ЕХФ одлучи дека Србија нема да оди на СП.

Натпреварите требаше да се одиграат во јуни.