Фудбал
Ракот на Пеле напредува, тој останува во болница за празниците
Ракот на дебелото црево кај Пеле напредува, објави официјално болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло. 82-годишниот крал на фудбалот останува на лекување за време на празниците.
„За жал, ракот напредува и на пациентот му е потребна поголема грижа поврзана со дисфункции на срцето и екскреторниот систем“, се вели во соопштението на лекарите.
Лекарите отстраниле тумор од дебелото црево на Пеле во 2021 година.
„Божиќ во нашиот дом е одложен“, напиша на Инстаграм ќерката на Пеле, Кели Насименто.
„Заедно со лекарите, од различни причини, одлучивме дека е подобро тој да остане во болница под сета грижа што ни ја дава неговото ново семејство во Ајнштајн“, додаде таа.
Пеле е единствениот со три светски титули и го дели првото место со Нејмар меѓу најдобрите бразилски стрелци. За репрезентацијата има 77 гола на само 92 натпревари.