Connect with us

Фудбал

Раководството на Баерн одлучува за судбината на Мане, неговите денови се избројани

Нервите во соблекувалната на Баерн Минхен по тешкиот пораз од Манчестер Сити од 3:0 ескалираа откако Садио Мане го турна Лерој Сане во ѕид и го удри со тупаница во лицето. Раководството на Баварците лично се зафати со разрешување на случајот, пишува „Скај Германија“.

Според новинарот на Скај, Флоријан Плетенберг, близок до клубот, се очекува да има истрага и состанок на раководството со главниот тренер Томас Тухел. Се очекува Садио Мане да биде изоставен од тимот на Баерн Минхен до дополнително известување и најверојатно ќе биде продаден на лето.

Плетенберг откри дека Баерн Минхен авторитетно ќе пристапи кон оваа ситуација и нема да жали за својата суперѕвезда, која освен исклучување, сигурно ќе претрпи и сериозна парична казна доколку биде прогласен за виновен за тоа што се случило.