Ракомет
Раководството на Пик Сегед го распушти тимот
Откако ЕХФ донесе одлука да го премести завршниот турнир во ракометната лига на шампиони кон крајот на декември, управата на Пик Сегед реши да го распушти тимот.
Пик Сегед требаше да игра со Вардар во Лигата на шампионите.
Унгарскиот шампионат беше прекинат пред неколку дена, така што играчите сега немаат никакви обврски кон клубот, освен што ќе имаат индивидуални тренинзи.
Наводно, двете првопласирани екипи од групата А и Б би учествувале во завршниот дел во Лигата на шампионите, а тоа би биле Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем.
Останува да се види дали Лигата на шампионите ќе добие ваков вид исход, или дали ќе се играат сите натпревари. Сепак, постои шанса дека нема да игра, но тешко е да се верува во ова сценарио.