Connect with us

Фудбал

Раководството на Реал ги намалува платите на играчите за 30% следната сезона?

Со оглед на пандемијата на коронавирус, скоро сите клубови во светот се наоѓаат во финансиски проблеми.

Реал Мадрид не е имун на тоа, иако е рангиран како еден од најголемите клубови во светот со огромни приходи.

Како што објави „АС“, управата на Реал Мадрид ќе разговара со играчите на овој клуб за намалување на платата за 30% следната сезона.

Ова не се однесува само на играчите, туку за сите вработени во клубот, вклучително и стручниот кадар, а вкупно станува збор за 800 лица.

Реал Мадрид претрпе големи загуби и сега мора да реагира за клубот да не доживее уште поголеми проблеми кога станува збор за финансиските средства.