Connect with us

Фудбал

Рамос го уценува Реал Мадрид, Кинезите му нудат богатство

Рамос донесе немири во Реал Мадрид, барем според пишувањата на шпанските медиуми. Наводно тој сака подобрување во договорот, финансиски се разбира и бара покачување на платата од 12 милиони на 18 милиони евра годишно. Во исто време, се појавија информации дека на маса дефанзивецот има понуда од богатиот Гванжу Евергранде за двегодишен договор со основна плата од 22 милиони евра по сезона.

Сепак, примарната желба на Рамос е останување во Мадрид, но се поставува прашањето дали Флорентино Перез ќе прифати на толкаво зголемување на платата.