Фудбал
Рамос и на 36 години ќе игра во Реал Мадрид?!
Реал Мадрид сака да го продолжи договорот со капитенот Серхио Рамос, пренесува „Ас“.
Според шпанскиот медиум, сегашниот договор со 34-годишниот дефанзивец истекува летото 2021 година. Реал Мадрид сака да го обнови договорот со Рамос до 2022 година. Преговорите меѓу страните сè уште не се започнати. Доколку остане до 2022 година во Реал, Рамос ќе има 36 години.
Рамос игра во Реал Мадрид од 2005 година, станувајќи четирикратен шампион на Шпанија и четирикратен победник во Лигата на шампиони.
Оваа сезона дефанзивецот има 34 натпревари на сите турнири на кои постигна седум голови, заработи седум жолти картони и еден црвен.