Фудбал
Рамос им покажа авторитет на Меси и Ди Марија, најдебелиот крај го извлече Икарди
Ниту еден фудбалски клуб нема толку планетарно популарни играчи како ПСЖ, кој ги спои неспоивите – Лионел Меси и Серхио Рамос.
Меси се уште се „бара“ и се обидува да се прилагоди, а ситуацијата со Рамос е уште потешка бидејќи од неговото доаѓање тој е главно повреден и не игра.
Поголемиот дел од јавноста се интересираше за односот на Аргентинецот и Шпанецот со оглед на бројните жестоки дуели на дербито помеѓу Барселона и Реал Мадрид.
“На почетокот беше чудно по толку години ривалство. Но, ние секогаш имавме голема почит, без разлика колку се големи ривалите. Да го имаш за партнер денес е шоу. Тој ни се придружува малку и се надеваме дека ќе игра што е можно поскоро. Се познававме од порано, но во Париз видов дека е одлична личност“, рече Меси кон крајот на ноември.
Сепак, Рамос е тој што наметнува авторитет во соблекувалната, што се покажа и на денешниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Клуб Бриж.
Имено, поранешниот стопер на Реал пристигна последен и требаше да биде тој што ќе застане во кур, но тој упорно одбиваше и на крајот беше по негово.
Иако сето тоа се случуваше низ смеа и изгледаше како добра шега, Меси и Анхел Ди Марија не му можеа ништо на Рамос, а на крајот се плати Мауро Икарди кој застана на средина.
Инаку, по тренингот дојде до шок за Рамос бидејќи ПСЖ потврди дека искусниот стопер е повреден и дека ќе може да се приклучи на тимот само за три дена.
Откако пристигна во ПСЖ, Рамос само еднаш одигра 90 минути за новиот тим, ситуација која почнува да предизвикува загриженост на „Паркот на принцовите“.