Поврзи се со нас

Фудбал

Рамос поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Интер

Дефанзивецот на Реал, Серхио Рамос ќе го пропушти натпреварот од 4. коло во Лигата на шампионите против Интер, објавено е на  официјалната веб-страница на клубот од Мадрид.

Триесет и четиригодишниот Шпанец се здоби со повреда на бутниот мускул настапувајќи за шпанската репрезентацијата против Германија.

Натпреварот Интер – Реал Мадрид е закажан за 26 ноември во Милано со почеток во 21 часот.

loading...

Facebook