Фудбал
Рамос се лути на судијата: Го прашав дали има личен проблем со мене
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос остро го критикуваше судијата Алехандо Ернандез, откако во саботата во Ла Лига, Рела Мадрид загуби од Левант.
Фудбалерите на Реал бараа пенал, мислејќи дека Кампана ја допре топката со рака во шеснаесетникот, но Хернандез не ги слушаше, а Рамос, кој доби жолт картон по само 10 минути игра, смета дека сето тоа е лично.
Како резултат на овој пораз, Реал Мадрид сега е на два бода зад ривалот и лидер Барселона во пресрет на „Ел Класико“.
„Не ми се допаѓа да зборувам за судиите затоа што тие можат да прават грешки, но понекогаш тоа ве тера да размислите. Критериумите се различни“, рече Рамос по натпреварот.
„Тие досудија пенал против нас затоа што ја допрев топката во шпанскиот Суперкуп. Денес, имаше две такви ситуации, а немаше казни“, додаде тој.
„Јас сум лут на Ернандез Ернандез. Некогаш судиите беа повеќе почитувани и капитените можеа да зборуваат. Го прашав дали има лични проблеми со мене“, рече тој.