Фудбал
Рамос синоќа го доживеа најголемото понижување во кариерата (ВИДЕО)
Покрај Меси, Хакими, Донарума и Вајналдум, Рамос е еден од играчите кои летово пристигнаа во клубот за да им помогнат на Нејмар, Мбапе и неговиот тим да се искачат на покривот на Европа, но доживеа болно приземјување со испаѓање во Реал Мадрид во осминафиналето.
Трпението го загубија и навивачите. Претходно ги исвиркаа Нејмар и Меси, кој дефинитивно потфрли откако од Барселона се пресели во Париз, а сега на ред дојде Рамос.
Во моментот кога Рамос влезе на теренот навивачите почнаа да свиркаат.Така беше и при секој допир на Шпанецот со топката. Очигледно навивачите се револтирани поради фактот што поранешната ѕвезда на Реал Мадрид мораше да обезбеди квалитет во одбраната, а поради повреди речиси никогаш го нема во тимот.
Sergio Ramos foi assobiado pelos adeptos do PSG quando entrou em campo para o seu 6.º jogo esta época. pic.twitter.com/OwkvMey2VD
— B24 🇺🇦 (@B24PT) April 3, 2022