Connect with us

Фудбал

Рамзи ќе игра за Реал (М)

Ако им се верува на англиските медиуми, тогаш актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), ќе излезе како победник кога е во прашање трката по потписот на велшкиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арон Ремзи.

Одличниот играч за врска на крајот од сезоната ќе има статус на слободен играч, а од пред неколку недели е познато дека Рамзи нема да ја продолжи соработката со клубот од “Емирати”. Интерес за неговите услуги покажаа и раководните лица на Манчестер Јунајтед, Јувентус, Барселона и на Милан.