Фудбал
Ранети полицајци по славјето за ФК Магдебург
Полицијата во источниот германски град Магдебург мораше да употреби водени млазови за да ги растера пијаните и бучни приврзаници на истоимениот локалниот клуб. Стотици луѓе се собраа на улиците и плоштадите да го прослават влегувањето на ФК Магдебург во втората лига на германскиот фудбал на три кола пред крајот на сезоната.
Тимот на ФК Магдебург, еден од традиционалните во поранешна ГДР, се соочува со тешкотии како и поголемиот дел од овој дел од земјата од обединувањето во 1990 година. Но, со победата од 3:0 над Цвикау во натпревар од Третата лига, промоцијата едно ниво погоре беше загарантирана.
1. FC #Magdeburg have secured the #3Liga title and with it an immediate return to the 2. Bundesliga following a 3-0 win over FSV #Zwickau.
Here they are in a game against 1. FC Union Berlin in Dec 2018:#FCM #2BLpic.twitter.com/vpLHgK6BKO
— Matt Ford (@matt_4d) April 24, 2022
Откако постојано беше испукан огномет на плоштадот во близина на станицата, беше донесена одлука за употреба на воден топ, изјави портпаролот на полицијата. Дваесет и седум лица нападнаа полицајци, фрлајќи шишиња, камења и пиротехнички средства, додаде портпаролот.
Во вториот инцидент, поврзан со првиот на станицата и повторно испровоциран од навивачите на ФК Магдебург, 90 луѓе блокираа пат во близина и поставија огномет. Најмалку една полицајка е повредена.
Полицијата успеа да разбие толпа од 500 луѓе на Хаселбахплац и друга група навивачи кои биле во близина. Портпаролот не кажа дали навивачите се приведени, но истрагата е во тек.
JAAAAAAAAAAAAAAAAA!!!!!! pic.twitter.com/I0uCqWEWol
— 1. FC Magdeburg (@1_FCM) April 24, 2022