Connect with us

Фудбал

Рангник: Манчестер Јунајтед треба да привлече играчи како Халанд?!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, призна дека на клубот ќе му биде тешко да ги убеди најдобрите играчи да дојдат на „Олд Трафорд“, бидејќи најверојатно следната сезона нема да играат во Лигата на шампионите. Тој додаде дека изборот треба да биде насочен кон помладите играчи, а не на докажаните ѕвезди.

„Мое мислење е дека клубот треба да се обиде да најде врвни играчи и да се обиде да ги развие. Холанд има 21 година, тој е еден од тие играчи. Тој стана еден од најскапите напаѓачи во светот. Тој е пример за играч на кој Јунајтед треба да се фокусира. Очигледно, на клубот му требаат нови играчи. На некои им истекуваат договори, некои сакаат да играат повеќе“, изјави Рангник.

„За мене најважно во моментов е да привлечам играчи. Не е само да се идентификуваат, туку да се сретнат и да ги убедат да дојдат во клубот, иако тој нема да игра во Лигата на шампионите. Кога тимови како Челзи , Ливерпул и Манчестер Сити се во битка , ви требаат добри причини. Некој мора да им објасни на играчите зошто треба да дојдат и затоа е важно што мисли Ерик тен Хаг. Од Јирген Клоп и Томас Тухел знам дека кога сакаат фудбалер, разговараат со него. Ова веројатно важи и за Пеп Гвардиола. Разговараат со нив, разбираат каков е нивниот менталитет и карактер и дали ќе одговараат на тимот“, објасни идниот консултант на „црвените ѓаволи“.

Рангник откри дека Џејден Санчо најверојатно нема да игра до крајот на сезоната: „Тој има тонзилитис и треска. Кавани треба да продолжи со тренинзите утре. Се надевам дека Мегваер и Лингард ќе бидат достапни за понеделник“.

Реклама

Facebook