Connect with us

Фудбал

Рангник го одби барањето за трансфер на голманот: „Сакам да остане до крајот на сезоната“

Голманот на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон побара од клубот да го пуштат да замине, но менаџерот Ралф Рангник тоа го одби.

Хендерсон минатата сезона забележа 13 настапи во Премиер лигата и се очекуваше да го предизвика Давид Де Хеа во борбата за „единицата“, но на крајот Шпанецот со одлични интервенции ја доби довербата на Оле Гунар Солскјаер, а потоа и на Рангник.

Поради тоа Хендерсон оваа сезона остана без настап во Премиер лигата и запиша само два настапи во сите натпреварувања, поради што имаше намера да го напушти Олд Трафорд, но Рангник одби да му ја отвори вратата.

„Пред неколку недели тој ме замоли да го пуштиме да замине од клубот, но јас му реков дека повеќе би сакал да остане до крајот на сезоната“, изјави Рангник за „talkSPORT“ по победата од 1-0 над Астон Вила во понеделникот во третото коло од ФА Купот.

„Многу сме среќни со нашите голмани и ако зависи од мене, не би сакал тој да си замине“.

Наводно, 24-годишниот фудбалер е заинтересиран за Њукасл, кој се засилува во текот на зимата за да остане во лигата.

Поранешниот голман на Јунајтед, Марк Боснич, за разлика од Рангник, смета дека Хендерсон мора да го напушти „Олд Трафорд“ за да се осигура дека ќе игра во стартниот состав.

„Мислам дека треба да замине. Тој е во фаза на на својата кариера кога е важно да се брани, а не да седи на клупата. Де Хеа беше одличен и нема сомнение во тоа, но голман како Дин Хендерсон заслужува да биде на голот“, кажа Боснич.

Реклама

Facebook

Реклама