Connect with us

Фудбал

Раниери: Каква одлука и да донесат ќе предизвикаат хаос

Италијанските медиуми вчера објавија дека постои шанса сите натпревари да се играат пред празните трибини пред крајот на оваа година.

Пандемијата на коронавирусот предизвика голем хаос и нема индикации за тоа кога ќе продолжи сезоната. Според последните информации, клубовите треба да започнат со тренинзи на 4 мај, а продолжувањето на сезоната би се случило кон крајот на мај.

Тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери, зборуваше за моменталната состојба и рече дека е јасно дека секоја одлука донесена за продолжување на сезоната, ќе предизвика хаос.

„Имавме неколку играчи кои беа заразени, но фала му на Бога што се опоравија и сега тренираат колку што можат. Ова првенство сигурно нема да биде исто кога и да продолжи. Верувам дека треба да се игра и дека е вистинското решение за фудбалот, но јасно е дека секоја одлука што ќе се донесе ќе предизвика хаос затоа што никој не знае како сето ова ќе функционира. Тоа е голема одговорност, но се надевам дека нема да има погрешни одлуки“, рече Раниери.

Во Сампдорија се подготвени да започнат со тренинзите кога ќе се укине вонредната состојба, но јасно е дека тренинзите ќе биде со посебни упатства од здравствените установи.