Фудбал
Рашфорд добива нов богат договор
Постигнува голови, дели асистенции и дефинитивно покрај Бруно Фернандеш е најдобриот фудбалер на „ѓаволите“. Управата на Манчестер Јунајтед започнала преговори со агентот на Маркус Рашфорд за нов петгодишен договор.
Сепак, челниците не сакаат да ризикуваат ништо и ќе му понудат петгодишен договор, според кој ќе биде меѓу најплатените фудбалери во Премиерлигата. И со сегашниот договор Рашфорд заработува одлично, бидејќи неговата плата е 200.000 фунти, но клубот му нуди зголемување на личните примања за дополнителни 100.000 фунти неделно.
Рашфорд има договор со Јунајтед до јуни 2023 година, клубот сака новата соработка да биде до јуни 2026 година според која Рашфорд ќе зараборува по 200 000 фунти неделно.