Connect with us

Фудбал

Рашфорд влезе во историјата на Светското првенство

Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд го запиша своето име во историјата на Светските првенства.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед се појави во игра за Англија во 70. минута од мечот со Иран, кој го добија „трите лава“ со 6:2. Само 49 секунди по влегувањето во игра погоди за 5:1. Така, неговиот гол стана третиот најбрз гол постигнат од резерва во историјата на првенствата на планетата.