Connect with us

Фудбал

Расизам против Балотели, Конте не ги поштеди навивачите: Тие се неуки!

Антонио Конте денес зборуваше пред медиумите како дел од натпреварот што го игра Интер против Дортмунд. Италијанскиот тренер не го избегна прашањето во врска со најконтроверзниот проблем во моментот во Италија – Расизам!

Поточно за расистичките испади и одговорот на Балотели на натпреварот Верона-Бреша. Конте рече дека за такви работи не треба да се зборува во 2019 година. Тренерот на Интер ги означи и навивачите кои предизвикуваат вакви ситуации како неуки.

“Апсолутно мора да се бориме против расизмот и мора да бидеме строги во овој дел. Јас не бев на стадионот во тоа време за да завземам некаков став, но тие провокатори треба да бидат казнети. Не се зборува за расизам во 2019 година”.