Фудбал
Распад на системот во Челзи: Играчите доцнат на тренинг, никој не смее збор да им каже, каков кошмар го чека новиот тренер?!
Кошмарната сезона за Челзи и официјално завршува денеска против Њукасл Јунајтед (17.30 часот) во последното коло од Премиер лигата, а дали клубот ќе се разбуди од лошиот сон зависи само од новиот тренер Маурисио Покетино и неговите играчи. Тешко е да се избројат на прсти од двете раце погрешните одлуки на сопственикот Тод Боли во последната година, но статистиката вели дека тој едноставно мора да удри некаде и тоа е единствената причина за оптимизмот на навивачите пред назначувањето на Аргентинецот како тренер, а колку тешка задача го чека е се појасно од ден на ден…
Британскиот весник „Телеграф“ пренесува дека оваа сезона секогаш барем по еден играч задоцнил на патување со автобус бидејќи заспал после тренинг, додека имало и такви кои биле толку невнимателни што не ги врзале ниту врвките од копачките пред тренинг, што говори за тоа колку сериозно го сфатиле Греам Потер и неговиот наследник Френк Лампард.
Поради преголемиот број играчи на тренинзите, некои престанаа да се трудат и побараа трансфер, па последните четири месеци во клубот се чини дека се е на аматерско ниво, а не за клубот кој вложил дури 600 милиони евра за трансфери во последните два преодни рока. Како Челзи ќе успее да го врати вложеното без учество во европските натпреварувања следната сезона, со нови вложувања во тимот, никому не му е јасно.
На играчите им недостига дисциплина и тоа не е неочекувано кога се знае дека уште од март знаат дека Лампард е таму „само да ја доведе сезоната до крајот“, па никој не го сфаќа сериозно. Покрај тоа, тој им ласкаше на играчите и не ги казни за споменатото однесување, дури и се смееја заедно и тоа доволно говори за тоа во што се впушта Маурисио Покетино.
Се очекува да следи „голем рез“ на „Стемфорд Бриџ“, а меѓу првите играчи кои ќе го напуштат клубот ќе биде Мејсон Маунт, кој се очекуваше да биде новиот Лампард. Сепак, се се смени по заминувањето на Роман Абрамович и клубот повеќе не личи на себе.