Фудбал
Распад на системот во ПСЖ, Нејмар, Мбапе и Меси заминуваат на лето?!
Пари Сен Жермен заврши уште една сезона на кошмарен начин. Веќе во осминафиналето го завршија учеството во Лигата на шампионите и со тоа практично го „испуштија“ Лионел Меси за следната сезона, па летово следи голема реконструкција на тимот, која вклучува и заминување на најголемиот на сите времиња. Се чини се помалку сигурно дека Меси ќе сака да остане во Париз, а работите да бидат уште полоши – Нејмар и Мбапе тешко дека ќе го сторат тоа.
Лесно може да се случи Пари Сен Жермен да остане без „триото“ од кое сите се плашеа, но во пракса не изгледаше толку незапирливо како што се мислеше во август 2021 година.
Француските медиуми пренесуваат дека во иднина ќе гледаме далеку поштедлив Пари Сен Жермен, бидејќи Катар би можел да му префрли средства на Манчестер Јунајтед, околу кого „играат“. Со оглед на тоа дека два клуба не можат да бидат под иста сопственост, можно е ПСЖ дури и да биде продаден на лето бидејќи овој проект не се покажа особено успешен по седум сезони во кои беа потрошени милијарда и пол евра за засилувања.