Connect with us

Фудбал

„Распад систем“ во Интер во сезоната во која го израмнија учинокот на Мурињо

Интер заврши втор во Серие А оваа сезона со 82 бодови на своето салдо. Со ова тимот го израмни бодовниот учинок со оној на Жозе Мурињо во 2010-та година кога ја освои „триплета“. Сепак, во тимот на Интер во моментов може да се каже дека владее „распад систем“.

Се поголем број на медиуми пишуваат дека Антонио Конте нема да биде веќе тренер на тимот од Милано, иако има важечки договор со плата од 12 милиони евра по сезона. Дека нешто не чини најави и неговата последна прес конференција, по мечот и победата над Аталанта до 2:0.

Тој тогаш го искритикува раководството на Интер со обвинување дека никогаш во текот на сезоната не застанале во одбрана на тренерот и играчите.

Најновите информации велат дека, иако раководството се обидува да ги реши проблемите со Конте, сепак тешко е да се очекува дека соработката ќе продолжи. Прв пик за негова замена е Масимилијано Алегри, екс тренер на Јуве и Милан.

Но, и тука не е се како што треба. За оваа опција се спортскиот директор Бепе Марота и претседателот на клубот Стивен Жанг, но легендарнит Хавиер Занети и вториот директор Аусилио имаат друга идеја, а тоа е Маурисио Покетино.

Италијанските медиуми пишуваат дека телефоните се „вжештени“, дека состаноците биле напнати и ќе биде вистинско чудо доколку оваа ситуација заврши без големи последици по клубот.

За потсетување Интер во среда игра против Хетафе во Лига Европа.