Connect with us

Тајмаут

Расправијата продолжува: Братот на Погба упати нови обвинувања

Братот на Пол Погба, Матијас, на својот Твитер профил објави низа пораки преку кои го обвинува фудбалерот на Јувентус и француската репрезентација.

Иако моментално е во притвор поради наводно уценување на својот брат, Матијас Погба однапред ги подготвил своите пораки.

„Ако ги гледате овие пораки, тоа значи дека не сум слободен поради полицијата или луѓето околу мојот брат. Затоа, плановите да ме замолчат проработија“, напиша постариот од браќата.

Матијас Погба повторно го обвинува својот брат дека „постојано ги магира своите соиграчи, вклучително и Килијан Мбапе, поради љубомора или желба да победи на натпревар“, напиша тој.

Според Матијас – Пол платил шаман за да ги повика мноштвото пеперутки што ги мачеа играчите за време на финалето на ЕП 2016, освоено од Португалија против домаќинот Франција.

„Тој секогаш околу себе имал криминалци кои ги користел или правеле работи за него или им ги извалкале рацете“, додава Матијас.

Во меѓувреме, RTL направи нови откритија за групата за која се верува дека го изнудувала Пол Погба. „Според полициските податоци, „пријателите од детството“ на Пол Погба со години имале корист од парите на фудбалерот во форма на кредити за купување на Адидас (помеѓу 3.000 и 4.000 годишно), инвестиции во ресторан за бургери во Сен-Ес-Марн (стотини илјади евра) како и кредитна картичка“.

Радиото откри дека во моментот кога Погба ги прекинал овие подароци дошло до киднапирање и изнуда од 13 милиони евра.