Фудбал
Распука по раководството и фудбалерите, па исчезна од Лондон, Конте не е повеќе тренер на Тотенхем
Антонио Конте откако по мечот со Саутемптон (3:3) распука по раководството и фудбалерите велејќи дека Тотенхем има менталитет на мал клуб, сега заминал од Лондон. Засега нема информации каде заминал, а не се појавил ниту на тренинзите. Ова секако е очекувано и значи дека тој повеќе не е тренер на Тотенхем. Според информациите од Англија раководството на тимот му подготвувал отказ, кој требало да му го врачат до крајот на оваа недела. Англиските медиуми воедно пишуваат дека Покетино е подготвен да се врати на клупата на овој тим.