Фудбал
Расте гужвата во редот за Бнанасер: Европската елита го сака Алжирецот
Битката за Исмаел Бнанасер станува сè пожестока, доколку може да се верува на шпекулациите во медиумите. Наводно, и Реал Мадрид го посакува играчот на репрезентацијата на Алжир.
Оваа недела беше откриено дека играчот од средниот ред на Милан има откупна клаузула од 50 милиони евра во неговиот договор, што значи дека судбината на Бенасер не е во рацете на „росонерите“, без оглед на тоа што од Сан Сиро велат дека 22-годишниот не е на продажба.
ПСЖ веќе подолго време го следи поранешниот играч на Емполи, додека Манчестер Сити се приклучи на трката последниве денови, кој наводно е подготвен да ја активира откупната клаузула на Бенасер. Треба да се напомене дека Бнанасер е поврзан со неколку други клубови, меѓу кои и Манчестер Јунајтед.
Денес, Францускиот „Foot Mercato“ пишува дека Реал Мадрид исто така се вклучил во трката за потписот на Бенасер, импресиониран од неговите игри во дресот на Милан и репрезентацијата на Алжир.
Сепак, на позицијата последен играч од средниот ред, приоритет на Реал Мадрид е сè уште тинејџерот на Рен, Едуардо Камавинг, но Бнанасер би можел да биде поверојатна опција.
Бнанасер пристигна на Сан Сиро ова лето за 16 милиони евра, па неговиот потенцијален трансфер ќе донесе значителен профит на росонерите.