Connect with us

Други спортови

Разбојник сакаше да ограби жена на улица, се појави ММА борец, му немаше спас (ФОТО)

Разбојник во Бразил немал среќа додека поминувал ММА борецот Фелипе Колареш кога се обидел да ограби жена на улица!

Колареш не стоел со скрстени раце, туку дошол на помош на жртвата, а разбојникот набрзо завршил на земја, фатен на „лост“ и претепан! Остана несреќен криминалец во „прегратка“ на ММА борец додека не дојде полицијата и не го уапси!

Видеото од оваа случка Колареш го сподели на својот Инстаграм профил, а напиша: „Одев кон автомобилот и потоа отидов да проверам дали жената е добро. Откако забележавме дека не е вооружен, интервениравме и успеав да го задржам на земја со џиу-џицу техники“.