Connect with us

Фудбал

Разгалениот Мбапе не знае да губи, ПСЖ прими гол, а Французинот му се нафрли на тинејџерот од Нигерија! (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен очајно ја започна сезоната! Прво ремизираа со Лориен и Тулуз. а сега Ница ги победи со 3:2 на „Паркот на принцовите“. На тој меч младиот нигериски напаѓач Терем Мофи го постигна решавачкиот гол, а кога погоди во 68. минута навистина го налути Килијан Мбапе! Француската суперѕвезда, која веќе подолго време му прави проблеми на ПСЖ и сака да замине во Реал Мадрид, сега бурно реагираше на прославата на голот на Терем Мофи. Воодушевениот Нигериец по голот го соблече дресот и ги прегрна соиграчите, а потоа му пријде Мбапе.

Стрелецот на двата гола за ПСЖ на овој натпревар беше многу незадоволен од однесувањето на Мофи. Тој му пријде на фудбалерот на Ница и налутено фрли нешто кон него, додека стоперите на Ница Жан Клер Тодибо и Данте се обидоа да го смират. Погледнете го моментот: