Connect with us

Фудбал

Разгалено детиште од 40 милиони, тренерот го извади од игра, а овој го турна (ВИДЕО)

Англискиот фудбалер Ентони Гордон Зимус во зимскиот трансфер прозорец ги „скара“ Челзи и Њукасл Јунајтед и на крајот пристигна на „Сент Џејмс Парк“ за сума од 45 милиони евра, но судејќи по првите три месеци во новиот клуб – нема да остане таму долго. Талентираниот крилен напаѓач е без настап на седум натпревари за „страчките“, а згора на тоа викендов предизвика скандал и го понижи својот тренер Еди Хау.

Гордон одигра многу слаб натпревар против Брентфорд во саботата (2:1) и не понуди речиси ништо кога Хау го внесе на полувремето, па го извади од игра во последните моменти од натпреварот.

Тоа воопшто не му се допадна на Гордон, па кога Хау го поздрави и сакаше да му ја објасни својата одлука, дојде до туркање кое не беше достојно. За тоа време тој беше исвиркан од навивачите на Њукасл.