Поврзи се со нас

Фудбал

Размена на играчи помеѓу Интер и ПСЖ?

Данскиот репрезентативец и играчот за врска на Интер, Кристијан Ериксен, кариерата би можел да ја продолжи во Франција.

Имено, како што пишуваат странските медиуми, ПСЖ сака да го донесе данскиот репрезентативец на позајмица, но челниците на Интер не се подготвени да го пуштат на тој начин.

Но, тие наводно му дале предлог на ПСЖ за замена на играчи, односно Ерискен да замине во Франција, а Леандро Паредес во спротивна насока.

Дали ПСЖ ќе се согласи на оваа понуда сè уште не е познато, но италијанските медиуми наведуваат дека Паредес веќе подолго време се наоѓа на списокот со желби на миланскиот клуб.

loading...

Facebook