Connect with us

Фудбал

Разочаран сум и несреќен

Менаџерот Арсенал, Микел Артета, рече дека е несреќен и разочаран по поразот (2:1) во градската пресметка против екипата на Тотенхем.

Разочаран сум и несреќен. Им кажавме на момците само да ја погодат топката, но кога ќе промашите вакви шанси станува тешко. Индивидуалните грешки се психолошки тешки. Тоа влијае на расположението. Им се извинувам на фановите. Знам колку им значи ова, изјави Артета.
Тој сепак се надева дека тимот ќе обезбеди место во Лига Европа.

Овој пораз е огромен удар. Сепак, ќе се бориме во првенството и ФА Купот за да ја завршиме сезоната што е можно подобро. Се зависи од нас, додаде Артета.
Арсенал по 35 кола во Премиер лигата е на 9. место со 50 освоени бода.