Connect with us

Фудбал

РБ Лајпц реагира по веста дека Вердер постигнал договор со Челзи

Пред два дена беше објавено дека Тимо Вернер постигнал договор со Челзи и дека по завршувањето на Бундеслигата, се очекуваше да биде претставен пред лондонските навивачи, но спортскиот директор на Лајпциг, негираше такво нешто.

Оливер Минцлаф, во изјавата дадена на медиумите на крајот од вчерашната средба со Падерборн, рече дека досега ниту еден клуб не тропнал во канцелариите на германскиот клуб за да изрази подготвеност да плати за клаузулата на Вернер.

„Нашата примарна цел беше да го продолжиме договорот со Вернер, бидејќи ние сме нов клуб и не можеме да си дозволиме да изгубиме играчи со нула надоместок. Ова го постигнавме минатата година, ставајќи клаузула од 60 милиони евра, со важност до 15 јули “, рече Минцлаф.

„Сега Вернер е слободен да преговара и да ја избере своја иднина, но можам да ви кажам дека до сега ниту еден клуб не изразил подготвеност да ја плати клаузулата. Самиот напаѓач не извести пред неколку недели дека преговара за трансфер, но засега ништо конкретно. На крајот разговаравме само за натпреварите и како да успееме да обезбедиме место во зоната која води во Лигата на шампиони, ништо повеќе “, рече тој.

Тимо Вернер го следат Ливерпул, Интер и Челзи, додека неговиот договор со Лајпциг предвидува клаузула која му овозможува да замине во замена за 60 милиони евра, бројка што може да ја плати кој било од овие три клуба, па останува да видиме каде ќе го гледаме следната сезона.