Connect with us

Фудбал

РБ Лајпциг носи засилување од Манчестер Сити

РБ Лајпциг денес доби уште едно засилување.

Нов член на германскиот клуб стана шпанскиот фудбалер Анџелино, кој е на позајмица од Манчестер Сити до крајот на сезоната.

Станува збор за 23-годишен лев бек кој не играше премногу често во Сити. Тој играше на само 12 натпревари и забележа две асистенции.

Анџелино во минатото честопати излегуваше на позајмица. Тој играше за ПСВ, Нац Бреда, Мајорка и Џирона, а сега е првпат во Бундеслигата.

Договорот на овој фудбалер важи до 2023 година.