Connect with us

Фудбал

Реакцијата на Фернандеш кога виде колку е оштетено Поршето по сообраќајката (ФОТО)

Бруно Фернандеш доживеа сообраќајна несреќа во Манчестер.

Фернандеш утрово бил на пат кон тренинг центарот на Манчестер Јунајтед во Карингтон, но поради сообраќајна несреќа не пристигнал на утринскиот тренинг. Португалецот доживеал сообраќајна несреќа на пат кон тренинг центарот, во која за среќа нема потешко повредени.

На двете возила е причинета нешто поголема материјална штета, а кој е виновен полицијата ќе дознае по истрагата и чие возило преминало на спротивната лента.

На Твитер веќе се појавија фотографии од местото на несреќата, а една од нив се најде во центарот на вниманието.

Имено, станува збор за фотографија кога Фернандеш излегол од своето Порше и отишол пред автомобилот да ја види штетата на него, а сериозно се разочарал кога видел дека штетата е посериозна отколку што мислел. Реакцијата на Фернандеш откако виде дека неговиот болид е оштетен кажува се, но треба да се напомене дека штетата е многу поголема на дургиот автомобил. Инаку, неговата електрична Porsche Panamera чини околу 100.000 евра.