Connect with us

Фудбал

Реал ја одреди цената за Родригез

Хамес Родригез се врати во Реал од позајмица, но не играше.

Тој забележа само 13 настапи и постигна еден гол и една асистенција и, судејќи според се’, наскоро би можел да го напушти тимот на Мадрид.

Според шпанските медиуми, цената би била 40 милиони евра, а наводно има заинтересирани за него.

Валенсија сака да го засили тимот, а се очекува и официјална понуда.

Кон крајот на минатата година се појавија информации дека Родригес ќе замине во Евертон кај Карл Анчелоти, со кого соработувал со Реал и Баерн, но тоа не се случи.

Пред Реал и Баерн, Колумбиецот играше за Монако, Порто, Банфилд, Енвигадо …