Connect with us

Фудбал

Реал ја прашува УЕФА: Како Париз беше домаќин на финалето на ЛП?

Сите бевме сведоци на немили сцени кои се случија во Париз на денот на финалето од Лигата на шампионите, а сега се огласи и Реал Мадрид.

Соопштението го пренесуваме во целост без измени.

Со оглед на немилите настани што се случија на 28 мај во близина на влезот на Стад де Франс, вклучително и внатре во стадионот, Реал Мадрид сака да го каже следново во одбрана на нашите навивачи кои беа жртви на овие настани:

1. Сакаме да дознаеме кои биле причините кои мотивирале да се одреди местото на финалето и кои критериуми биле земени предвид во поглед на тоа што се случило.

2. Бараме и одговори и објаснувања кои ќе утврдат кој е одговорен за она што ги остави навивачите без помош и одбрана. Некои навивачи чие однесување беше соодветно во секое време.

Разбираме дека она што требаше да биде голема фудбалска прослава за сите навивачи кои присуствуваа на натпреварот, всушност се претвори во немили настани, кои предизвикаа длабоко бес низ целиот свет.

Како што може јасно да се види на снимката, која беше објавена и во медиумите, многу фанови беа насилно нападнати, малтретирани и ограбени. Некои инциденти се случиле и кога се возеле во автобуси и автомобили, каде што стравувале за својата безбедност. Некои дури мораа да ја поминат ноќта во болница поради повредите.

Фудбалот му пренесе на светот слика која е далеку од вредностите и целите кон кои секогаш мора да се стреми.

Нашите навивачи заслужуваат одговори на овие прашања и разјаснување на релевантните одговорности за ситуациите како оние што се случија во финалето засекогаш да бидат искоренети од фудбалот и спортот воопшто“, се вели во соопштението на Реал Мадрид, кој ја освои Лигата на шампионите.