Connect with us

Фудбал

Реал ќе го искористи Јовиќ за да го добие фудбалерот што толку многу го сака

Реал Мадрид ќе се обиде да го искористи српскиот напаѓач Лука Јовиќ за да го донесе фудбалерот на Наполи, Фабијан Руиз во своите редови.

Јовиќ не играше многу оваа сезона во дресот на „Кралевите“. Тој постигна само два гола на 15 настапи и се повеќе се зборува за неговото заминувањето.

Наполи е еден од клубовите што честопати се спомнуваат како потенцијална дестинација за Јовиќ, а Реал, според шпанските медиуми, ќе се обиде да го искористи и да го испрати во Италија во замена за Фабиен Руиз.

Руиз е главната цел на Зинедин Зидан во летниот преоден рок. Тимот на Неапол е подготвен да го ослободи за 60 милиони евра, а Реал сигурно ќе мора да додаде и пари покрај Јовиќ за да го донесе овој фудбалер.

Руиз е еден од главните играчи на Наполи и оваа сезона и досега има постигнато два гола и две асистенции.

Покрај Реал Мадрид, голем интерес за Руиз покажува и Барселона, па интересно ќе биде да се види каде ќе заврши овој фудбалер.