Connect with us

Фудбал

Реал ќе патува во Жирона со автобус без клупски ознаки

Шампионот Реал Мадрид на гостувањето во Жирона во рамките на 10. коло од Примера ќе патува со автобус без симболи на клубот, објави „Ел Мундо“.

На тој начин раководството на Реал одлучи да не предизвикува тензии кои веќе постојат со политичката ситуација во Шпанија.

Реал Мадрид периодично патува со автобус без симболи кога станува збор за натпревари во покраините Каталонија и Баскија.

Натпреварот меѓу Жирона и Реал е закажан за недела (29 октомври).

Жирона се наоѓа во североисточна Шпанија и е дел од автономната заедница Каталонија која бара независност од Мадрид.