Фудбал
Реал ќе се ослободи од играчот кој прима „дебела“ плата
Бенфика сака да го обезбеди потписот на напаѓачот на Реал Маријано Диазин во јануарскиот преоден рок. Играчот не најде празни места на „Сантијаго Бернабеу“ и по се изгледа дека нема да најде. Преселбата во Португалија се чини идеално за него, затоа што може повторно да започне да игра.
Бенфика ја презема оваа акција затоа што го продаде Раул Де Томас на Еспањол. Тие дефинитивно бараат напаѓачи и изгледа дека Маријано е идеалното решение. Португалците сакаат заем до крајот на сезоната.
Трансферот може да изнесува 21,5 милиони евра онолку колку што Реал потроши за да го доведе од Лион. Тимот од Мадрид би сакал вакво нешто, но проблемот останува, бидејќи неговата плата во Шпанија достигнува до 4,5 милиони евра, а тоа за Португалскиот клуб е страшно висока цифра.