Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид, Барселона и Атлетико ќе ги тужат англиските тимови

Шпанска марка утрово најави дека Реал, Атлетико, Јувентус и Барселона ќе поднесат тужба против шесте клубови од Англија, поради тоа што по само 48 часа го убиле натпреварувањето кое требало да го промени фудбалот.

Како што е познато, Ливерпул, Манчстер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи, Арсенал и Тотенхем го ставија својот потпис на договорот за формирање на оваа лига, но поради големиот притисок од јавноста, пред се од навивачите и фудбалерите, одлучија да истапат од ова натпреварување.

Со оглед на тоа дека првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, заедно со Барселона се првите кои ја заговараа идејата за Суперлигата, „Марка“ тврди дека ќе ги тужат англиските тимови.

Иако се уште ништо не е официјално, сепак се тврди дека и италијанските тимови ќе го следат примерот на англиските.