Фудбал
Реал Мадрид го купи 16-годишното чудо од Бразил
Реал Мадрид е многу блиску до договор за трансфер на младиот и талентиран Бразилец Ендрик Фелипе. Моментално настапува за тимот на Палмеирас до 16 години каде е прв напаѓач и најдобар играч.
Ендрик е напаѓач, а „кралевите“ во него гледаат идеална замена за Карим Бензема.
Претседателот Флорентино Перез сака да изгради фантастично бразилско напаѓачко трио за тимот, бидејќи веќе ги има Винисиус Јуниор и Родриго на крилата. И двајцата пристигнаа на „Сантијаго Бернабеу“ како тинејџери, па Ендриќ би можел да биде следниот голем бразилски талент во белиот дрес.
Сериозен интерес за напаѓачот покажува и Барселона, но во таборот на Реал Мадрид се убедени дека Ендрик ќе го избере „кралскиот“ клуб.