Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид го купува Енис Барди за 40 милиони евра?!

Published

on

Најголемиот фудбалски гигант Реал Мадрид тргнува по Енис Барди. Раководството на „кралскиот клуб“ нуди 40 милиони евра за македонскиот репрезентативец и член на Леванте, Енис Барди, и сака да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок.

По големиот триумф на Македонија против Германија во Дуисбург и одличното издание на Енис Барди, кој беше асистент на првиот гол на Горан Пандев, раководството на Реал Мадрид донело дефинитивна одлука за купување на играчот од средниот ред.

Премиерлигашите Арсенал и Њукасл досега беа најзаинтересирани за ангажман на Барди, но и не испратија официјална понуда. Англиските медиуми потенцираа дека двата клуба се подготвени да платат 25 милиони евра за негов ангажман. Сепак, Реал Мадрид е сега многу поконкретен и нуди одлични 40 милиони евра.

 

Извор: makfudbal.mk

Facebook