Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид го награди Бензема со нов договор

Реал Мадрид планира да му понуди нов договор на напаѓачот Карим Бензема . Иако наближува 35 години, Французинот ја одигра една од своите најсилни сезони откако е на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа ги убеди шефовите дека заслужува да добие понуда за продолжување на договорот, кој истекува во јуни 2023 година, пишува „Марка“.

До неодамна се мислеше дека претседателот Флорентино Перез сака да привлече помлад напаѓач како алтернатива за иднината. Сепак, тој не успеа да ги земе ниту Килијан Мбапе, ниту Ерлинг Холанд. Па можеби токму тоа ја сврте вагата за да го задржи Бензема на Бернабеу.

Така во наредните недели францускиот ветеран ќе биде повикан на преговарачка маса. Се очекува да добие предлог за продолжување на договорот на уште две години. Тој ќе добие и гаранција од раководството дека во овој период ќе продолжи да биде главен напаѓач во тимот и за ова време неговиот заменик нема да биде регрутиран.

Бензема веќе има 13 сезони во Реал Мадрид. За тоа време одигра 625 натпревари на кои постигна 303 гола. Меѓу многуте освоени трофеи со клубот, Французинот може да се пофали со 5 титули во Лигата на шампионите и уште 4 во Ла Лига. Тој е фаворит за кревање на Златната топка оваа сезона.