Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид го одби „слободниот“ Вилијан

Реал Мадрид, наводно, ја отфрли можноста да го донесе напаѓачот на Челси, Вилијан, како слободен агент ова лето.

Бразилецот скоро сигурно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ на крајот од оваа сезона кога ќе му истече договорот, откако тој, наводно, одбил двегодишно продолжување на соработката со Челси.

Постојат шпекулации дека Вилијан побарал дополнителна година во новиот договор со Челси за да се согласи на потпишување, но Сините не се подготвени да ја променат својата политика кога станува збор за играчи над 30 години (Вилијан има 31 година).

Вилијан во минатото веќе се поврзуваше со Барселона, а сега е отворен патот за овој трансфер бидејќи Реал се повлече.

„Дејли Мирор“ тврди дека тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, навистина ги цени фудбалските квалитети на Вилијан, но дека на Реал не му треба нов крилен играч за сезоната 2020/2021.

Освен Барселона, се шпекулира дека за Вилијан се заинтересирани Тотенхем и Арсенал, како и Јувентус.

Ќе видиме каде Бразилецот ќе ја продолжи кариерата …

Оваа сезона Вилијан има остварено 37 настапи за Челси во сите натпреварувања, постигна седум гола и забележа шест асистенции.