Connect with us

Кошарка

Реал Мадрид го претстави новото засилување

Американскиот кошаркар Алекс Тајус е официјално претставен како нов член на Реал Мадрид.

Пред околу десетина дена, медиумите ја навестуваа оваа работа, а сега таа доби и официјална потврда. Тјус го напушти Галатасарај и им се придружи на Кралевите.

Американецот со израелски пасош има 32 години и веќе подолго време игра во Европа, а четири години беше член на Макаби Тел Авив.

Тој е играч кој игра на позицијата центар и од кого Реал навистина очекува многу оваа сезона.