Фудбал
Реал Мадрид го сака Един Џеко
Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко.
Напаѓачот беше отпишан по само една сезона во Интер, не се смета на него, бидејќи Симоне Инзаги ги сака Дибала и Лукаку во врвот на нападот, па е на крстопат во кариерата – што и каде понатаму.
Од друга страна, кралскиот клуб е во потрага по офанзивец кој има искуство и би бил замена за Карим Бензема. На „Сантијаго Бернабеу“ сметаат дека репрезентативецот на Босна и Херцеговина би можел да се снајде на таа позиција.
Претходните денови Марка која беше запознаена со случувањата во Реал донесе текст со наслов „Што ако Џеко е замената што му треба на Карим Бензема“.
За капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина и еден од најдобрите, заминувањето во Реал Мадрид би било идеална можност да ја заврши својата богата кариера во која настапуваше за клубови како Манчестер Сити, Рома и Интер.