Фудбал
Реал Мадрид го совлада Манчестер Јунајтед, се чини дека Бензема нема да недостасува (ВИДЕО)
Засилувањата на Реал донесоа победа против Манчестер Јунајтед од 2:0. На дуелот против Мадрид, новиот голман на Манчестер Јунајтед, Онана не можеше многу, прими два гола, првиот беше одличен, дело на Џад Белингем, кој веќе ја покажа својата класа, а потоа Хоселу со ножици го удвои резултатот. Шанса имаше Вини Јуниор, а Англичаните навистина не се заканија многу пати кон голот на ривалот, па поразот од 2:0 е логичен. Ако денот по утрото се познава, Реал и без Бензема делува моќно.