Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид и Баерн прават одлична работа?

Француското крило Кингсли Коман е при крајот на епизодата во Баерн.

Имено, како што пренесува „Спорт“, 25-годишниот фудбалер не сака да го продолжи договорот со Баерн кој го обврзува со германскиот шампион до јуни 2023 година, а клубот има намера да го продаде.

Истиот извор тврди дека Коман ќе му биде понуден на Реал Мадрид, а претходните денови во странските медиуми можеше да се прочита информација дека овој фудбалер сака кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

Коман е дете на ПСЖ од кој во 2014 година замина во Јувентус и ќе видиме дали ќе се врати во Париз или ќе отпатува во Мадрид.

За Реал Мадрид би можел да игра и со својот репрезентативен колега, Килијан Мбапе, кој речиси сигурно на лето ќе се пресели во кралскиот клуб по истекот на договорот со ПСЖ.

Коман оваа сезона настапи на 17 натпревари за Баерн во сите натпреварувања и постигна пет гола со две асистенции.

Со Баерн шест пати беше шампион на Германија, три пати го освои ДФБ Купот и пет пати Суперкупот на оваа земја. Со Баварците стана европски првак во 2020 година, а потоа и светски шампион.

Очигледно е дека има заситеност и дека Коман сака нови предизвици во кариерата.

Да потсетиме, тој во Баерн пристигна од Јувентус во 2017 година.